Бербатов: „Неспособните мора веднаш да си заминат од фудбалот“

Димитар Бербатов, поранешниот репрезентативец на Бугарија, но и фудбалер на Баер Леверкузен, Манчестер јунајтед и Тотенхем, е разочаран од случувањата во Фудбалскиот сојуз и резултатите на нивната репрезентација.

Бугарија е убедливо последната во својата група и без никакви шанси за пласман на Европското првенство. Тие сè уште немаат ниту една победа по шест натпревари, а чашата ја прели и последниот пораз од Литванија на домашен терен со 0-2.

„Веќе две години работиме за доброто на бугарскиот фудбал, се обидуваме да го отстраниме ова зло што го зафати бугарскиот фудбал, овие неспособни луѓе кои владеат со него. Сите заедно обединети и не со зборови, туку со дела мора да направиме сè овие неуки веднаш да го напуштат бугарскиот фудбал. Она што го гледаме се резултатите од одлуките на лидерите. Нема напредок со години. Неопходно е да се почне од нула, мора да имаме нова развојна стратегија и да направиме катарза во сите аспекти на спортот во Бугарија. Ова е многу важна и одговорна работа и започнува со тоа што сите заедно се активираме“, вели Бербатов, кој воедно е и кандидат за нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести