Бербатов: За Облак и 150 милиони евра не се многу

Димитар Бербатов, поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед и Тотенхем, често знае да го истакне своето мислење околу актуелните случувања во фудбалот. Една од актуелните теми е Јан Облак и неговото евентуално заминување од Атлетико Мадрид.

За услугите на фантастичниот словенечки чувар на мрежата најмногу интерес покажа Челзи. Сините очајуваат за нов голман откако Кепа Аризабалага не ја оправда довербата кај Френк Лампард, па затоа се подготвени да рушат нов рекорд за голман и да ја активираат клаузулата на Облак од 120 милиони евра.

Бербатов смета дека и 150 милиони евра е пристојна сума за ангажман на Облак.

„Слушнав какви суми се споменуваат и можам да кажам дека и 150 милиони евра не се многу за Облак. И да чини толку трансферот, Челзи би направил добра зделка“, вели Бербатов.

Според последните информации на шпанските медиуми, Челзи понуди 20 милиони евра помалку од клаузулата, додека имаа обид да го вклучат Кепа во трансферот со цел да го намалат трошокот. Гигантот од Лондон не се плаши повторно да го руши светскиот рекорд за голман со цел да добие на квалитет. Кепа го платија 80 милиони евра, трансфер кој се покажа како огромно промашување.

- Оглас -

Најнови вести