Бергамо гори за Аталанта – Над 4 илјади навивачи ги пречекаа хероите од Рим (Видео)

Над 4 илјади навивачи на Аталанта им приредија спектакуларен пречек на своите фудбалски миленици на аеродромот во Бергамо, а се славеше победата против Лацио во Рим, што значи чекор поблиску до историски настап во Лигата на шампионите.

Бергамо гори за Аталанта, екипа која игра извонредно сезонава и е на прагот да учествува во ЛШ идната сезона. Како гости, избраниците на Џанпјеро Гасперини го победија Лацио и сега имаат три бода предност пред конкурентите на три кола до крајот во битката за четвртата позиција во Серија А.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=124&v=_dhzTO3Woto

Во последните три кола Аталанта ќе игра против Џенова и Саусоло на домашен терен и со шампионот Јувентус на гости, а во меѓувреме ќе бијат финална битка пак со Лацио за пехарот во Италијанскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести