Берлускони и Галијани се враќаат во Серија А, Монца првпат стана прволигаш!

Монца после продолженија ја победи Пиза со 4-3 во баражот, и се пласираше во италијанската Серија А. Монца за првпат во својата историја ќе биде дел од италијанската клупска екипа.

Пиза се извлече во регуларниот дел, победи со 3-2, но Монца во екстра периодот даде два гола и го израдува својот газда Силвио Берлускони. Екс сопственикот на Милан и поранешен премиер на Италија, покрај себе во Монца го има и Адријано Галијани кој беше директор на Росонерите од Милано, истотака од славните денови на клубот.

- Оглас -

Најнови вести