Берлускони: Кога игра Милан, го исклучувам телевизорот

Поранешниот сопственик и претседател на Милан, бизнисменот и експремиер на Италија, Силвио Берлускони, не пропушта прилика јавно да го критикува овој клуб. На Берлускони не му се допаѓа работата на тренерот Џенаро Гатузо, па затоа и избегнува да ги гледа „росонерите” на телевизија.

Берлускони управуваше со клубот цели 30 години, ги постигна најголемите успеси, а потоа откако им го продаде клубот на Кинезите, Силвио купи друг фудбалски клуб, но на доста поскромно ниво, третолигашот Монца.

„Не се согласувам со тактиката со играње само со еден наместо со двајца напаѓачи, особено ако се има предвид дека зад шпицовите има играчи со добар шут од далечина. Милан многу малку шутира кон противничките голови. Затоа, кога ќе почнам да гледам на телевизија некој меч на Милан, го исклучувам телевизорот само по 10 минути ”, вели Берлускони.

- Оглас -

Најнови вести