Берлускони се сили: Каква е Серија А, Монца може да биде првак

Монца е клуб кој за прв пат во историјата е дел од Серија А, но нејзиниот газда, Силвио Берлускони со децении е дел од елитното фудбалско друштво во Италија. Берлускони кој во минатото беше газда на Милан, клуб со кој освојуваше многу трофеи, сега се надева дека и со Монца може да реди успеси.

Монца предводена од тренерот Рафаеле Паладино моментално е во добра форма и нема пораз во последните пет кола. Монца е во сигурниот дел од табелата, а интересно е дека Берлускони најавува во иднина, тоа да биде клуб кој ќе се бори за титулата.

„Од доаѓањето на Паладино ние сме петтиот најдобар тим во Серија А. Веруваме дека можеме, но и сакаме да напредуваме со резултатите, па затоа нашата порака е „Во наредните години ќе го освоиме Скудетото. Следната сезона или таа по неа“, најавува Берлускони.

 

- Оглас -

Најнови вести