Бесарт Ибраими е подготвен за голови, Кејн е резерва кај Тотенхем

Шкендија ќе игра со стандардниот почетен состав против големиот фаворит Тотенхем, вечерва од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“, а кај гостите од Лондон две големи ѕвезди останаа на клупата за резерви.

Хари Кејн и голманот Уго Љорис нема да го почнат нокаут-мечот од полуфиналето во квалификациите за Лигата на Европа.

Бесарт Ибраими, кој е во топ-форма, ќе биде задолжен за голови и за евентуално изненадување, секако со помош на соиграчите, а Жозе Мурињо одлучи во нападот да бидат Сон, Али и Ламела.

Стартни состави:

Шкендија (4-2-3-1) Захов – Мурати, Кривак, Бејтуали, Павиќ – Тотре, Дита – Нафиу, Ахмеди, Дориев – Б. Ибраими.

Тотенхем (4-3-3) Харт – Дејвис, Алдервејрелд, Санчес, Орие – Ндомбеле, Винкс, Бергвајн – Сон, Али, Ламела.

- Оглас -

Најнови вести