Бесарт Ибраими со пет гола на последните три меча, е наострен за дуелот со Тотенхем

Шкендија извојува победа над Академија Пандев, а двоен стрелец беше Бесарт Ибраими, кој има пет погодоци на последните три настапи во црвено-црниот дрес, и потврди дека е расположен пред пресметката со англиски Тотенхем в четврток во Скопје во квалификациите за Лига Европа.

Шкендија после шест кола има 14 бода, и остана на чело на табелата во Првата македонска фудбалска лига, еден бод предност во однос на Шкупи кој се провлече против Ренова и на Чаир славеше благодарение на голот на Бразилецот Бианор Нето во 95-та минута. Силекс продолжи со губитничката низа, овојпат во Кратово се поразени од Борец кој сега е трети на табелата. Ѓорѓиев во 9-та минута им пресуди на кратовци.

Беласица го претрпе шестиот пораз во шестиот настап и остана закована на дното.

РЕЗУЛТАТИ: Беласица – Пелистер 0-2, Шкендија – Академија Пандев 2-1, Шкупи – Ренова 4-3, Силекс – Борец 1-2.

 

- Оглас -

Најнови вести