Беше 19 дена во кома, изгуби над 20 килограми, но се спаси и сега повторно ќе брани за ПСЖ

Серхио Рико, голманот на Пари Сен Жермен, наскоро се враќа на фудбалските терени и тоа само по девет месеци откако доживеа тешка несреќа, паѓајќи од коњ. Во мај минатата година Рико јавајќи коњ, падна и тешко се повреди, поради што дури 19 дена ги помина во кома, а 36 дена беше на одделот за интензивна нега и неговиот живот беше во опасност.

Сепак, на крајот Рико се избори и по речиси три месеци излезе од болница. Во овој период тој ослабел дури 20 килограми, но одлучно ја започна рехабилитацијата и сега веќе е подготвен да се врати на теренот.

Тој веќе работи на тренинг-комплексот на ПСЖ, а во брзо време се очекува официјално да добие и „зелено светло“ од клупските лекари за да се врати на тренинзите, а со тоа и во првиот тим на францускиот првак.

- Оглас -

Најнови вести