Беше еден од јунаците за историскиот резултат, а сега „преку ноќ“ е исфрлен од тимот

Фелипе Каиседо е напаѓачот на Лацио кој во претходните три сезони беше стандарден во стартниот тим. Еквадорскиот репрезентативец минатата сезона даде девет гола во Серија А и беше еден од најзаслужните што Небесносините се пласираа во Лигата на шампиони по пауза од цели 15 години.

Напаѓачот даде неколку важни погодоци што донесоа бодови за Лацио да биде во ЛШ. И сезонава Каиседо почна добро и во девет меча постигна четири погодоци, а посебно се памти тој против Јувентус во 95 минута за 1:1. И покрај добрите игри, Каиседо, наеднаш беше отфрлен од тимот и ставен на клупата за резерви.

Причина за губењето на местото во стартниот тим е тоа што спортскиот директор на Лацио Игли Таре реши да го форсира косовскиот репрезентативец Муриќи за кого беа платени 20 милиони евра. Таре сака да докаже дека доведувањето на Муриќи е исплатлива инвестиција, па во нападот сега многу повеќе шанса добива Косоварот, додека Каиседо можно е да си замине од „Олимпико“ уште во овој преоден рок.

Како следна можна дестинација за Каиседо се споменува тимот на Фиорентина, но останува до крајот на месецов да видиме дали ќе се реализира тој трансфер.

 

- Оглас -

Најнови вести