Беше еден од најдобрите голгетери, а сега е жално да се гледа бидејќи на теренот изгледа како првпат да допира топка (Видео)

Во 21 век на фудбалските терени блеснаа ѕвезди, фудбалски магионичари кои оставија голема трага во историјата на најважната споредна работа на светот. Освен оние кои ќе се памтат како виртуози, има и такви кои беа големи таленти, имаа потенцијал, блесок, но и неславно заминување од фудбалот.

Еден од тие кои не го искоистија целиот потенцијал секако е Адријано. Бразилецот кој започна во 2000 година во тимот на Флуминезе, по една година се пресели во италијанскиот Интер. Потоа играше како позајмен во Фиорентина, па две години помина во Парма, а потоа повторно се врати во Интер каде што остана пет години. Токму во тој период од 2004 до 2009 година Адријано играше блескав фудбал.

Меѓутоа, тогаш се случи една семејна трагедија кога почина таткото на Адријано, а фудбалерот падна во депресија, се оддаде на алкохолот и едноставно никогаш повторно не се врати во старата форма.

Адријано потоа играше во Сао Паоло, Фламенго, Рома, Коринтијанс, Атлетико Параненсе и на крајот заврши во Мајами јунајтед, кога и ја заврши кариерата во 2016 година. За Бразил одигра 48 меча, во кои постигна 27 гола.

Неодамна Адријано се врати на фудбалскиот терен да биде дел од еден хуманитарен меч, но имаше очаен настап. Бразилецот кој има 41 година едноставно како првпат да се запознава со фудбалската топка и имаше неколку неверојатни промашувања.

@nerdatleta44oficial Craques do Passado 🇧🇷 • Adriano 👑 ( Imperador ) #adriano #adrianoimperador #futebolbrasileiro ♬ som original – l_editsfut

- Оглас -

Најнови вести