Беше една од најлошите спортистки кои се појавиле на ЛОИ, а сега е број 1 во светот

Рејчел Ган ја претставуваше Австралија на Летните олимписки игри во Париз во дисциплината брејкденс и беше најголемо разочарување. Во трите настапи кои ги имаше не успеа да освои ниту еден бод и нејзиното појавување на Игрите во Париз беше окарактеризирано како една од најлошите спортистки во историјата на најголемиот светски собир.

Многумина го исмејуваа настапот на Ган, но сега, неполни два месеци по тоа „шоу“ во Париз, токму оваа Австралијанка е број 1 во светски рамки во брејкденс според Светската спортска танчерска федерација (ВДСФ).

Светската федерација ВДСФ ги рангира четирите најдобри постигнувања во последните 12 месеци. Со оглед на тоа дека во периодот од септември 2023 година до почетокот на ЛОИ во Париз беа одржани само неколку натпреварувања, се одредува редоследот на кој Ган е на врвот.

Тоа е така затоа што Рејчел триумфираше на Шампионатот на Океанија, што ѝ донесе 1.000 поени. На ова рангирање не се бодуваат настапите на ЛОИ и турнирите кои беа како квалификациски за ЛОИ. Токму затоа Ган сега е на првото место во светски рамки, иако пред помалку од два месеца беше прогласена за една од најлошите спортистки кои се појавиле на ЛОИ.

 

- Оглас -

Најнови вести