Финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал е историски од многу аспекти. Првпат во едно европско финале се среќаваат англиски и француски клуб, првпат во финале ќе се надмудруваат тренери сонародници водејќи странски клубови, а после 55 години првпат во финале на ЛШ или претходно КЕШ играат тимови од два различни главни градови (во финалето во 1971 играа Ајакс од Амстердам и Панатинаикос од Атина).
„Пушкаш арената“ во 2023 беше домаќин на финалето во Лига Европа, а во 2020 таму се играше и Суперкупот на УЕФА, но ова е најголемиот настан.
ПСЖ кој е бранител на трофејот, го има најдобриот напад, постигнаа 44 голови, еден помалку од рекордот на ЛШ во една сезона, па може да испишат историја. Арсенал после 20 години повторно е во финале на ЛШ, нема пораз сезонава во ЛШ и ја има најцврстата одбрана. Овие два тима седум пати играле меѓусебе, последен пат во полуфиналето минатата сезона кога Светците од Париз беа подобри.
Квотите велат дека ПСЖ е фаворит, но во вакви финалиња победникот никогаш не се знае однапред.

