Објавени почетните состави за финалето, Артета го остави Ѓокереш на клупа

Тренерите на Пари Сен Жермен и Арсенал, шпанските стручњаци Луис Енрике односно Микел Артета, ги објавија почетните состави со кои од 18 часот ќе ја стартуваат финалната битка за трофејот во Лигата на шампионите.

ПСЖ почнува со: Сафонов, Мендеш, Пачо, Маркињос, Хакими, Витиња, Невес, Руиз, Кварацхелија, Дуе и Дембеле. Формацијата на Светците е 4-3-3, ова е веројатно најдоброто што го имаат, воиграноста и победничкиот менталитет се нивните адути. 

На клупата се Шевалие, Марин, Бералдо, Забарњи, Рамос, Кан Ин, Ернандез, Мајулу, Дро, Баркола, Заир-Емери, Мбаје.

Во дресот на Арсенал од прва минута во формација 4-2-3-1, ќе истрчаат: Раја, Москера, Габриел, Салиба, Хинкапи, Луис-Скели, Рајс, Одегард, Тросар, Сака и Хаверц.

Замени се: Кепа, Жезус, Езе, Мартинели, Тимбер, Ѓокереш, Норгард, Мадуеке, Мерино, Калафиори, Субименди, Дауман. Можеби изненадување е отсуството на Ѓокереш од почетните 11-мина, но Хаверц кој доби предност во шпицот, е поискусен фудбалер кој во 2021 даде победнички гол во финале на ЛШ, тогаш во дресот на Челзи.  

Спектаклот е загарантиран, трофејот за ПСЖ втора година по ред, или за Арсенал првпат во својата историја.

- Оглас -

Најнови вести