Беше најдобар стрелец на ЕП за Русија, играше и за Тотенхем, сега нема пари да плати струја и вода

Роман Пављученко беше една од најголемите руски фудбалски ѕвезди пред десетина години, играше и четири сезони за Тотенхем, но милионите што ги заработи ги потроши и сега има големи проблеми во својата земја и тужба за неплатени сметки за струја и вода од 400 евра.

Десетката на руската репрезентација со 51 настап за националната селекција и 21 погодок имаше одлична кариера, но очигледно и потроши повеќе отколку што заработи, па сега има проблеми.

Пављученко има 39 години и сè уште е активен, па игра за рускиот третолигаш Знамја од Ногинск. Најголем успех во кариерата му е бронзениот медал со Русија на Европското првенство што во 2008 година заеднички го организираа Австрија и Швајцарија.

Тогаш Роман беше и најдобар стрелец за Русија на ЕП со 3 погодоци, а на патот до финалето ги сопре Шпанија со победа од 3:0, а потоа Црвената фурија ја освои и шампионската круна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести