Беше незадржлив, даде 62 поени, но кога слушна чиј рекорд ќе собори, престана да погодува (Видео)

Нашон Ли Хајленд, кошаркарот на Денвер нагетс, како и многумина НБА-играчи, е дел од летната лига во чии тимови има професионалци, полупрофи играчи, аматери, но и ветерани, па секој меч е вистинско шоу.

Популарниот Боунс беше дел од еден меч во Балтимор и едноставно беше незадржлив за противниците. Ли Хајленд постигна 62 од вкупно 79 поени на неговиот тим. Имаше време НБА-кошаркарот да постигне уште некој поен, но тој едноставно реши да застане.

Која беше причината за играчот на Денвер да не сака да постигнува уште поени? Во текот на мечот, Боунс дозна дека рекордот од 63 поени на еден меч го има кошаркар кој никогаш не играл во НБА, а пред неколку години починал и едноставно не сакаше да го сруши ова постигнување во знак на респект.

https://twitter.com/i/status/1554091621918072832

Со овој потег, Боунс не само што ги собра сите овации со својата игра туку и со потегот покажа дека има нешто поважно од рекордите и постигнатите поени.

https://twitter.com/i/status/1554560946160521216

- Оглас -

Најнови вести