Нуно Еспирито Санто пред една недела го доби признанието за најдобар тренер за месец август, а сега е пред отказ.
По одличниот старт со Тотенхем каде што на првите три средби оствари исто толку победи, од која една беше над Манлестер сити, сега работите се променија. На два натпревари „петлите“ немаат победа, а Даниел Леви, претседателот на клубот, веќе размислува да го промени Португалецот.
Интересно е што актуелниот тренер беше трети на листата на Леви, кој ги посакуваше Антонио Конте и Џенаро Гатузо.
Многу појасни ќе бидат работите по неделното лондонско дерби против Челзи, каде што со трите бода, Еспирито Санто ќе го „замолкне“ раководството, додека со евентуален неуспех, ќе може полека да си бара нова работа.