Беше првак со Лестер, англиски репрезентативец, направи трансфер од 40 милиони, а сега никој не го сака

Дани Дринквотер е еден од хероите на шампионскиот тим на Лестер во сезоната 2015/16. Тој одигра 35 мечеви и беше незаменлив во историската сезона на Лисиците. Следната сезона одигра 29 меча, а потоа следуваше трансфер во Челзи. Лондонскиот тим не жалеше пари и плати 40 милиони евра за доведување на еден од најдобрите играчи на Лестер.

Сепак, со трансферот на Дринквотер во Челзи, неговата кариера тргна во надолна линија. Во првата сезона на „Стемфорд бриџ“ одигра вкупно 22 меча за Челзи, а потоа едноставно беше заборавен. Лани само на еден меч се појави на теренот, што беше најава дека веќе за него нема место во Челзи и мора да си замине.

Пред почетокот на сезоната Дринквотер беше даден на позајмица во Барнли и требаше да остана една сезона. Сепак, по само неколку месеци, Барнли реши да го врати Дринквотер во Челзи, затоа што одигра само еден меч во тимот во кој беше позајмен.

Вкупно за една и пол година, Дани Дринквотер на теренот беше 179 минути. Сега Челзи ќе мора да бара нов клуб каде би го даде Дринквотер да игра како позајмен, но засега никој не покажува интерес за играчот кој има и три настапи во репрезентацијата на Англија.

Едноставно кариерата на Дани Дринквотер доживеа крах и ќе биде многу тешко за повторно да се врати во форма како во сезоните кога беше главен играч во шампионскиот тим на Лестер.

 

- Оглас -

Најнови вести