Енди Керол важеше за еден од најдобрите напаѓачи не само во Премиер лигата, туку и воопшто во Европа. Во 2011 година направи голем трансфер за тогаш неверојатни 41 милион евра од Њукасл во Ливерпул, а сега на 35-годишна возраст одлучи да потпише за екипата на Бордо во четвртата француска лига.
Паднатиот француски гигант откако имаше финансиски проблеми, беше префрлен во четвртиот ранг, во лигата која официјално се нарекува втора национална дивизија и се обидува да започне од нула. Керол минатата сезона настапуваше за второлигашот Амиен, па се чини дека Франција му се допадна и потпиша двегодишен договор со Бордо.
🚨 OFFICIEL ! 𝗔𝗡𝗗𝗬 𝗖𝗔𝗥𝗥𝗢𝗟𝗟 🏴 𝗦𝗜𝗚𝗡𝗘 𝗔̀ 𝗕𝗢𝗥𝗗𝗘𝗔𝗨𝗫 𝗘𝗡 𝗡𝗔𝗧𝗜𝗢𝗡𝗔𝗟 𝟮 ! 💙🤍
📸 @girondins pic.twitter.com/taWbdmVwDe
— Actu Foot (@ActuFoot_) September 18, 2024
Енди Керол освен за Њукасл и Ливерпул, настапуваше и за Престон, Вест хем, Ридинг, ВБА и Амиен. За репрезентацијата на Англија има девет натпревари и два гола.