Бешикташ и Галатасарај со натпреварот од Суперкупот на Турција ја отворија новата сезона, а шампионот беше декласиран и загуби со 0-5. Црно-белиот дел од Истанбул вечерва слави голема победа, откако буквално го понижи Галатасарај на мечот на стадионот „Ататурк“.
Чиро Имобиле уште во првата минута обезбеди предност за Бешикташ, а Свенсон во 53.минута зголеми на 2-0.
Третиот гол повторно беше дело на Имобиле во 81.минута, а за дебакл на Галатасарај се погрижија Рафа Силва со голот во 91.минута и Мустафа Хекимоглу со погодокот во 93.минута од дуелот.