Бешикташ го врати фудбалерот кој му донесе 30 милиони евра профит на клубот

Бешикташ го врати искусниот напаѓач Ченк Тосун во своите редови. Турскиот репрезентативец пристигна како слободен играч по истекувањето на договорот со Евертон, а со гигантот од Истанбул потпиша едногодишна соработка.

Тосун во зимскиот преоден рок во 2018 година беше продаден на Карамелите за околу 30 милиони евра, меѓутоа воопшто не се снајде во Премиер лигата. Запиша 61 настап за тимот од „Гудисон парк“ со учинок од 11 погодоци во сите натпреварувања, додека последниве две години ги мина на позајмици во Кристал палас и токму во Бешикташ на полу сезона.

https://twitter.com/besiktas/status/1543274576372695048?s=21&t=9V8aLBkz93PRBJf_RekCYQ

- Оглас -

Најнови вести