Бесни се во Рајо Валјекано: Ќе испаднеме поради ВАР системот

Во таборот на Рајо Валјекано се бесни на судијата Хозе Луис Гонзалес, а во изјава за „Марка“ претседателот на клубот од Мадрид вели дека ќе испаднат од Ла Лига поради нееднаков критериум во користењето на ВАР технологијата.

На дуелот со Уеска, кој беше многу важен за двете екипи во битката за опстанок според Раул Мартин Преса, кој е прв човек на Рајо, неговиот клуб бил оштетен за дури четири пенали.

„Повторно ги прегледавме снимките и реагираме на односот на судијата. Воопшто не сакаше ниту да ги погледне спорните моменти. ВАР системот се повеќе е на штета на помалите клубови. Бевме оштетени во Билбао, сега не ни досудија четири пенали, па изгледа некој сака Рајо да испадне од Ла Лига“, изјави Преса.

Раул Де Томас на двапати и по еднаш Ембарба и Галвес беа фаулирани во шеснаесетникот на Уеска, а според Пренса во сите спорни ситуации имало пенал, па наместо убедлива победа за домаќините, мечот заврши нерешено, без голови.

Член на Рајо Валјекано е голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски. Клубот е на претпоследната позиција со 28 бода на пет кола до крајот на шпанското првенство и е во многу незгодна ситуација во битката за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести