Бесполезен состанок од 4 часа – Премиерлигата објави дека ништо не одлучи

Четири часа траеше состанокот на Премиерлигашите и одлучено е дека ништо не е одлучено за продолжение на сезоната во најсилната англиска лига.

„Приоритет ни е здравјето на фудбалерите и на сите што непосредно придонесуваат да се играат натпреварите. Ќе ги почитуваме препораките на Владата и во консултација со нив и со Министерството за Здравство ќе одлучиме кога ќе продолжи фудбалската сезона“, стои во дел од соопштението на Премиерлигата.

Планот останува да се почне на 8. јуни, а сезоната да заврши на 27. јули. Се навестува дека и во случај да не се доигра сезоната Премиерлигата ќе брои 20 клубови и следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести