Бестрашната Шкендија со реми се враќа од Стокхолм (видео)

Шкендија со реми од 1-1 против АИК се враќа од Стокхолм, резултат со кој македонскиот тим може задоволен да го пречека реваншот во Скопје идниот четврток.

Експресниот гол на Хасани делуваше како ладен туш за Швеѓаните. Капитенот на Шкендија погоди во 25-тата секунда за молк на „Френдс арената“. Избраниците на Шаќири сепак водството го чуваа до 17-тата минута, кога Гвидети со глава израмни на 1-1 и го постави конечниот резултат.

Погодокот на Буба можете да го видите на следниот ЛИНК.

Бестрашната игра на тетовци продолжи и во второто полувреме. Гостите од Тетово имаа повеќе шанси за нова предност со која можеби и ќе триумфираа, но и овие 1-1 се повеќе од задоволителни.

- Оглас -

Најнови вести