Бетис ја освои „Месталја“, ќе преноќи на врвот во Ла Лига (видео)

Бетис славеше со 2-0 на гостувањето кај Валенсија во мечот од петтото коло во Ла Лига и се искачи на врвот на табелата.  По два порази, тимот од Андалузија стави крај на таа серија и воедно го прекина четиригодишниот пост без триумф на „Месталја“.

Средбата ја отвори Каналес во 19-тата минута, кој го прослави својот прв повик за шпанската репрезентација со одличен погодок. Домаќините притискаа за израмнување, меѓутоа не создадоа конкретна прилика за гол.

https://twitter.com/SportsferaMx/status/1312474025956839425

Се играше 74-тата минута, кога ветеранот Хоакин повлече неколку противници со соло-продор и го проигра Телјо, а овој од прва ја затресе мрежата на Доменех.

Бетис до утре ќе биде лидер во шампионатот со девет бода, Валенсија има два помалку.

- Оглас -

Најнови вести