Бетис му даде два гола фора на Алавес, па го победи за половина час

Бетис му даде два гола фора на Алавес и потоа се разбуди и успеа да направи чудесен пресврт за само половина час. Гостите водеа со 0:2 на „Бенито Вилјамарин“, но останаа со празни раце.

Жоселу од слободен удар и Мендес за сао 24 минути најавија изненадување што го спречија расположените Иглесијас и Хоакин.

Борха постигна два гола во 61. од пенал и победнички во 88. минута, а Хоакин беше прецизен во 81. минута, за нови бодови за Бетис.

Екипата од Севилја се проби на шестото место на табелата со 42 бода и остана кандидат за настап во еврокуповите.

Во исто време од 21 часот во Лондон се играше и последниот меч од 27. коло во англиската Премиерлига, а Вест Хем ги разреши сите дилеми околу победникот за само 7 минути во првото полувреме.

Феноменалниот Џеси Лингард погоди во 21. минута и одбиената топка по пеналот што му го одбрани Меслие ја смети во мрежата, а во 28. минута Доусон ја потврди победата на Чеканите.

Езџан Алиоски и четврти меч по ред влезе како резерва кај Лидс, играше од почетокот на второто полувреме, кога веќе беше јасно дека домаќините нема да ја испуштат големата предност од 2:0 по првиот дел.

Вест хем е на петтото место со 48 бода, само два помалку од Челзи, кој е на четвртата позиција, последна што води во Лигата на шампионите.

Лидс е 11-ти со 35 бода.

- Оглас -

Најнови вести