Дисциплинскa меркa за нов договор, или нешто друго? Алиоски пак не е стартер за Лидс

Лидс и Марсело Бјелса го дисциплинираат Езџан Алиоски, или нешто друго е во прашање, се уште е енигма, но факт е дека нашиот репрезентативец на чуден начин во екот на преговори за нов договор, што не одат мазно го загуби првотимискиот статус во Лидс.

Вечерва четврти пат по ред е резерва и не игра од почеток против Вест Хем, откако и претходно на дуелите со Вулверхемптон, Саутемптон и Астон Вила беше резерва.

Сето ова се случува во моменти кога преговорите на Алиоски и Лидс не одат во посакуванито правец за клубот од Јоркшир и нашиот репрезентативец не прифаќа продолжување на соработката под исти услови, што е нормално. Алиоски пристигна во Лидс, кога клубот беше второлигаш и помогна со соиграчите и сите во Лидс да се стаса фо Премиерлигата.

Езџан има понуда од Галатасарај, што му дава добра позиција да се избори за подобар договор со Лидс, но веќе очигледно има и проблеми со губење на првотимскиот статус.

- Оглас -

Најнови вести