Бетис со голчиштето на Руибал извлече бод против Кралевите (Видео)

Фудбалерите на Бетис и Реал Мадрид одиграа без победник 1:1, а гледачите на стадионите „Бенито Виљамарин“ видоа два прекрасни гола.

Со ремито, Реал Мадрид сега е лидер само со еден бод предност пред Жирона која утре ако направи големо изненадување и јас совлада Барселона, ќе се искачи на првото место на табелата.

Бетис пак е седми на табелата со 25 бода, но останува несовладан пред своите гледачи во Ла Лига сезонава.

Реал Мадрид поведе со голот на Џуд Белингам во 53-та минута кој на најдобар начин ја реализира акцијата и одличното додавање на Брахим Дијаз.

Бетис до бодот дојде со фантастичниот гол на Аитор Руибал во 66-та минута.
Во последните моменти од мечот и двата тима имаа одлични шанси да дојдат до победата, Иско ја погоди стативата на Кралевите, додека шутот на Родриго за манку не заврши во мрежата на Бетис.

- Оглас -

Најнови вести