Беверли: Јокиќ и Дончиќ само мавтаат со раце и прават притисок врз судиите (Видео)

Бекот на Лос Анџелес клиперс, Патрик Беверли, го спореди однесувањето на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ кои се главни играчи на досегашните ривали на Клиперс во плејофот, и ги критикуваше дека се исти во правењето притисок врз судиите.

„Никола го прави истото како и Лука. Постојано мавта со рацете, и прави притисок врз судиите да донесат одлука која нему ќе му се допадне“ – изјави Беверли.

Клиперс го елиминираше Далас на Дончиќ, сега води против Денвер на Јокиќ, но изгледа е исфрустирран што тешко им оди да ги запрат кошаркарите кои доаѓаат од просторите на поранешна Југославија, па одлучи без трошка срам да ги нападне за нивното однесување на теренот.

Интересно е што Беверли изјавата ја даде облечен во дрес на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, а Дончиќ е поранешен член на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести