Оклахома Сити тандер поведе со 2-0 во плејоф-серијата во НБА-лигата против Феникс санс, по победата од 120-107, додека Детроит пистонс изедначи на 1-1 против Орландо меџик откако триумфира со 98-83.
Актуелниот првак беше предводен од Шеј Гилџус-Александер, кој имаше 37 поени и 9 асистенции, додека најефикасен кај поразените беше неговиот сонародник од Канада, Дилон Брукс, со 30 поени. Тандер ги доби двата меча дома, па во Феникс оди без преголем притисок.
Детроит прими само 83 поени од Орландо и оваа пеколна одбрана им ја донесе првата домашна плејоф-победа по 18 години. На полувреме беше нерешено, а потоа Детроит третата четвртина ја доби со 38-16 и тоа значеше триумф. Кејд Канингем со 27 поени и 11 асистенции беше прв стрелец кај Детроит, кој уште од 2008 немаше добиено плејоф-меч во својата сала и конечно тој малер е разбиен. Пред овој меч, Детроит дома имаше рекордна црна серија од 11 порази по ред на домашен терен.

