Со Адис има и забава и сигурен опстанок – Јаховиќ е бронзена копачка во Турција

Адис Јаховиќ е жива легенда на турскиот фудбал, а статусот што му го признавата во едно од десетте најдобри првенства во Европа го заслужи со импресивни игри и голови во последните четири години.

Сезонава играше за два тима, за Јени Малатијаспор и за Анталијаспор и повторно покажа колку вреди како еден од најдобрите голгетери во последните неколку години.

Постигна вкупно 17 голови и ја заслужи бронзената копачка како трет стрелец во првенство. Топ-голгетер е Александер Сорлот од Трабзонспор со 24 голови, а зад него е Папис Сисе од Аланијаспор, па следи нашиот поранешен репрезентативец.

За Адис ова е второ вакво признание за четири години колку што игра во клуботви од Турција, а трет стрелец беше и во сезоната 2017/18 тогаш со 19 голови.

Во овој циклус на натпревари постигна 11 голови за Јени Малатијаспор и шест за Анталијаспор, а колку е значаен како играч и голгетер потврдува и статусот на клубовите.

Малатијаспор без него испадна, а Анталијаспор, екипа за која сега игра, иако беше во опасната зона успеа да се искаќи на деветтото место во конкуренција на 18 екипи.

- Оглас -

Најнови вести