Без акредитација, ни Ѓоковиќ не смее да влезе, реакцијата му е хит (Видео)

Пред натпреварот со Германецот Штруф, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, доживеа мала непријатност при влезот во комплексот во кој се игра Отвореното првенство на САД.

Кога дојде до редарот и да постави торбата за преглед, чуварот му ја побара акредитацијата. Новак тогаш се сети дека ја заборавил. Иако сите знаат кој е тој, секој мора да се легитимира при влезот. Ѓоковиќ го зеде телефонот и му се јави на некого од неговиот тим, па две минути чекаше да му ја донесат акредитацијата.

Додека чекаше, тој беше љубезен кон чуварот.

„Како животот? – беа зборовите со кои Новак го почна разговорот.

„Добро, не е лошо. Стојам тука 14 часа“ – беше одговорот на редарот.

„Господе! Дали смеете да седнете, да јадете?“ – праша Ѓоковиќ.

„Да, се разбира“.

Тогаш стогна акредитацијата, по што човекот од обезбедувањето му посака среќа на Ѓоковиќ, на што Ноле му се заблагодари и му посака благослов од Господ.

Вечерва на САД опен, Ѓоковиќ игра осминафинале против Пабло Карењо Буста (27-ми на АТП листата) против кого има 3-0 во меѓусебните дуели. На тврда подлога играа само лани кога беше 6-3, 6-4. Потоа победникот оди во четвртфинале со Гофан или Шаповалов.

https://www.youtube.com/watch?v=0qDCWnWBNl8&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести