Без Чурлинов не им оди – Келн испадна во Купот од четвртолигаш

Сарбрикен приреди сензација во раната фаза во Германскиот куп и со победа од 3:2 го елиминира бундеслигашот Келн. Популарните Јарци тонат сè повеќе, а сега си дозволија луксуз да загубат и од четвртолигаш, па на тапет сигурно ќе биде тренерот Бајерлорцер.

Тој донесе одлука македонскиот фудбалски бисер Дарко Чурлинов да биде вратен во младинскиот тим на Келн, што се покажува како погрешен потег.

Келн игра лошо и во Бундеслигата. Има само 7 бода по 9 кола на третото место отпозади и е во зоната за испаѓање.

Во прволигашкиот дуел, Унион Берлин на гостински терен го победи Фрајбург и мина понатаму, а Хофенхајм со победа од 2:0 во Дуизбург исто така оди во следната фаза во Германскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести