Без јарецот Хенес не му оди на Келн – Лајпциг лесно победи со 4:2 (Видео)

Лајпциг доминираше и убедливо го победи Келн со 4:2 во последниот меч од 29-тото коло во Бундеслигата. Домаќините поведоа со голот на Кордоба, а потоа постојано бркаа негатива и не успеаја во трката со многу голови против фаворитот.

Лајпциг успеа да направи пресврт уште во првото полувреме со головите на Шик и на Нкунку, а потоа со голови ја одржуваше предноста.

Тимо Вернер го задржа просекот од гол по меч при камбекот на Бундеслигата, а во 50-тата минута на интересен начин, откако му асистираше голманот Ѓулаши, ја затресе мрежата на Келн.

https://twitter.com/TheRedDebate/status/1267543325105696772?s=20

Веднаш потоа Модесто го постигна најубавиот гол на мечот за 2:3, но Дани Олмо не дозволи домаќините да се заканат и со гол во 57-мата минута ги постави конечните 4:2 за Лајпциг.

Популарните Бикови немаат пораз откако продолжи првенството, забележаа по две победи и реми и стигнаа до третото место со 58 бода, зад лидерот Баерн со 67 и Борусија Дортмунд со 60.

Келн без поддршка од публиката, но и без најпознатата фудбалска маскота во Бундеслигата, живиот јарец Хенес Деветти нема победа во четири меча и падна на 11-тото место со 34 бода на пет кола до крајот на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести