Без калкулации: Јувентус оди по титулата, Јунајтед и Челзи во ЛШ

Лестер – Манчестер јунајтед (17ч)

Директниот дуел за пласман во Лигата на шампионите ќе го добие Манчестер јунајтед. Не дека Лестер е потценет, но искуството на Црвените ѓаволи во вакви ситуации ќе ја направи разликата на „Кинг Пауер“ стадионот.

Двете екипи ги дели еден бод, а сценарио кое им одговара на двете страни за пласман во европската елита е напоредно Челзи да загуби дома од Вулверхемптон, а Лестер и Јунајтед со реми да ги завземат последните две места во топ 4. Меѓутоа такви калкулации ќе се остават за некоја друга прилика, во овој меч двете екипи целат на триумф, а на блага предност се дава на гостите од Манчестер.

Претходните две меѓусебни средби се решаваа со еден гол, што нема да биде случајот и денес. Доколку се случи рано да се постигне гол на било која страна, се очекува отворен фудбал во кој ќе победи поефикасниот тим.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.22)

 

Челзи – Вулверхемптон (17ч)

Сините нема да остават судбината да им ја решава дуелот Лестер – Манчестер јунајтед, туку сами ќе се погрижат да обезбедат место во топ 4 и пласман во ЛШ. Евентуална победа и дефинитивно ќе значи приклучок на Ливерпул и Манчестер сити во европската елита, а со оглед како заврши првата овосезонска пресметка против Волците, тимот на Лампард не би требало да има проблеми.

Челзи триумфираше со 5-2 на „Молињу“ против Вулвс кога се сретнаа во септември минатата година, а по поразот од Ливерпул избраниците на Лампард се настроени во добро светло да ја завршат сезоната.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

Манчестер сити – Норвич (17ч)

Граѓаните трета сезона во низа ќе бидат најефикасни во Премиер лигата. Во пресрет на последното коло тимот на Пеп Гвардиола стои на 97 погодоци, а целта е да се дојде до трофицрен учинок, односно 100 гола како во шампионската сезона 2017/18, кога завршија со вкупно 106 погодоци.

Затоа на „Етихад“ денес се очекува голедата против Канаринците кои веќе размислуваат како побрзо да се вратат во англиската елита. Сити во последните пет првенствени средби постигна 19 гола, од кои четири беа против Ливерпул, по пет им дадоа на Њукасл и Брајтон, така што на Норвич не му се пишува добро.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.22)

 

Јувентус – Сампдорија (21:45ч)

Јувентус нема да дозволи како со Удинезе да ја испушти од раце заверката на деветтото Скудето во низа, вечерва против Сампдорија Бјанконерите ќе го одбранат тронот. На три кола до крајот на шампионатот, Јуве е на четири бода пред Интер кој вчера ги заврши обврските во 36-тото коло, па така со евентуални три бода и дефинитивно ќе се стави крај на шампионската трка.

Сампдорија од 2013 година не памети триумф во Торино против Старата дама, која пак ги доби последните четири дуели на домашен терен против тимот од Џенова.  Иако на Сари ќе му недостасуваат неколку клучни играчи како Игуаин, Даглас Коста и капитенот Кјелини, ги има Роналдо и Дибала да ја осигураат потребната победа.

Предлог тип: 1 & 1+пол. (1.55)

 

Рома – Фиорентина (19:30ч)

Рома одамна знае дека не може да стигне пласман во ЛШ, додека учеството во Лигата на Европа уште не ѝ е гарантирано на Римската волчица. Евентуален триумф ќе ја донесе Рома чекор поблиску до целта, меѓутоа Фиорентина секогаш е незгоден противник кога гостува на „Олимпико“.

Тимот на Фонсека е во добра форма, од максимални 18 бода во последните пет меча освои 16, односно е без пораз и намерата е да се продолжи во исто темпо. Фиорентина на последните две гостувања во Вечниот град замина непоразена, поточно издвои реми и славеше со 2-0, што е мотив плус за Римјаните да ги совладаат Виолетовите.

Предлог тип: 1X & ГГ (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести