Без многу мислење – таква победа на еден од најтрофејните клубови во Европа носеше коефициент 26

Помина уште еден возбудлив викенд за обложување, кој ќе се памти по неколку работи. Во фокусот на вниманието беше градското дерби на Манчестер. Сити беше домаќин на Јунајтед, а веднаш се забележуваше дека коефициентите беа некако нереални.

Победа на Сити со коефициент 1,35, а триумф на Јунајтед беше со вредност од коефициент 9. Можеби Сити е шампион на Англија, можеби има повеќе пари од градскиот ривал во моментов и позвучни имиња, но Сити против себе има нешто што се вика ТРАДИЦИЈА, a таа посебно се почитува во Англија.

Манчестер јунајтед не само што е потрофеен клуб од Сити, туку тоа е екипата во чии витрини блескаат најмногу трофеи за шампион на Англија. Црвените ѓаволи веќе неколку години се далеку од трката за трофејот во Премиер лигата, но кога се работи за мечевите со градскиот ривал, работата е јасна.

Во  179 меѓусебни меча, Јунајтед има 74 победи, 52 реми, а Сити се радувал 53 пати. И да не се гледа тривековната историја, туку само последните три сезони, ситуацијата повторно е јасна. На последните пет гостувања кај Сити, Јунајтед е со биланс од три победи, едно реми и само еден пораз.

Токму затоа, во саботата имавте „подарок“ од Sport Life, но дали го искористивте? За популарно кажано „2во2 и 3+“ коефициентот беше дури 26. Тоа е коефициент кој некогаш за да го достигнете треба да ставите неколку мечеви и тоа на не така големи фаворити, а викендов имавте шанса за само 90 минути да добиете одличен коефициент само ако малку верувавте во традицијата, историјата, но и фактот дека никогаш не смее да се потцени најтрофејниот клуб во Англија.

ЈУВЕНТУС ЗАГУБИ ОД ЛАЦИО, САМО ЛИВЕРПУЛ Е БЕЗ ПОРАЗ ВО ТОП 5 ЛИГИТЕ

Поразот на Сити со задоволство го истористи Ливерпул. Клубот кој три децении сонува за шампионски пехар во првенството, сезонава блеска. Најдобриот старт во клупската историја вели дека гигантот од „Енфилд роуд“ има 15 победи и само едно реми. Да потсетиме тоа реми е токму против Манчестер јунајтед, што е само уште еден факт дека Црвените ѓаволи секогаш играат најдобро против големите ривали.

Викендов прв пат загуби Јувентус и тоа на гости кај Лацио, па сега Ливерпул е единствен клуб во Топ 5 лигите без пораз.

МЕСИ? УШТЕ ЕДНАШ ПОКАЖА ЗОШТО ЈА ОСВОИ ШЕСТАТА ЗЛАТНА ТОПКА

Речиси и да не може да помине викенд, а свое шоу да нема Лионел Меси. Аргентинецот веќе една деценија е во врвна форма, а според тоа што го покажува, не планира да сопре во темпото. Пред дуелот со Мајорка, Меси се пофали со шестата „Златна топка“, а потоа на теренот покажа зошто е најдобар во светот.

Аргентинецот постигна три гола и со 35 хет-трика постави нов рекорд во шпанското првенство, а Барселона и Реал Мадрид ја продолжија „мртвата трка“ за лидерското место.

Возбудувањата во фудбалска Европа ќе ги има и во текот на работната недела. Следува последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони и Лигата на Европа, па доколку сте имале „статива“ викендов, време е за корекција.

- Оглас -

Најнови вести