Без Надал и Федерер на САД опен, Ѓоковиќ има отворен пат до нова гренд-слем титула

Рафаел Надал поради страв од коронавирусот го откажа учеството на Отвореното првенство на САД во тенис, и неговото отсуство заедно со тоа на Роџер Федерер кој има повреда (закрепнува од операција на коленото), го прави историски претстојниот турнир на „Флешинг Медоуз“. Од 2004 година наваму не се случило еден гренд-слем да мине без Федерер ни Надал.

Освен Надал и Федерер, ќе ги нема и Вавринка, Монфис, Фоњини, Кирјос, Цонга, Пуј, па затоа место на турнирот ќе има и за 127-миот на АТП листата, Сумит Нагал од Индија.

Неиграњето на Шпанецот и Швајцарецот е шанса за Новак Ѓоковиќ да дојде до 18-тата гренд-слем титула, со што би дошол на една помалку од Надал на вечната листа, а два помалку од рекордерот Федерер. Србинот кој го прележа коронавирусот, ќе биде главен фаворит за титулата, а први пет носители во машка конкуренција ќе бидат Ѓоковиќ,  Доминик Тим, Данил Медведев, Стефанос Циципас и Александер Зверев.

- Оглас -

Најнови вести