Без победа по две кола, Кјелини е загрижен: „Ова не е тим“

Џорџо Кјелини, капитенот на Јувентус, вчерашниот шокантен пораз од Емполи на домашен терен го проследи од клупата за резерви и очигледно не беше задоволен од прикажаното на неговите соиграчи.

Камерите го снимија разговорот меѓу ветеранот и старо-новиот тренер Макс Алегри, во кој Кјелини му се обрати со „Ова не е тим“. Загрижените лица на лидерите на екипата јасно ги отсликуваат проблемите на стартот од новата сезона и животот по Кристијано Роналдо.

По овој викенд следува репрезентативната пауза во која Јувентус ќе има околу две недели да ги исправи грешките и веќе во следното коло, во кое ќе гостуваат кај Наполи на Елиф Елмас на 12 септември, да се изборат за првата победа во Серија А.

https://twitter.com/isolabianconera/status/1431725915931922440

- Оглас -

Најнови вести