Без победник на дербито од Купот на Арената, одлуката во Тетово

Дали Вардар или Шкендија ќе играат во четврт-финалето на Купот на Македонија во фудбал, ќе се знае по реваншот во Тетово закажан за 30-ти октомври откако денеска на арената „Тодор Проески“ во Скопје, „црвено-црното дерби“ заврши со 2-2.

И Вардар и Шкендија треба да бидат задоволни со ваков развој на настаните.

Вардарци треба да се среќни со ремито затоа што губеа со 0-2 по првото полувреме, кога Имери и Бесарт Ибраими дадоа голови за комотна предност на гостите. Колевски во 72-рата и Жуниор во 80-тата минута му донесоа реми на Вардар, па нема да одат на реванш со негатива.

Шкендија се обидува петти пат по ред да го елиминира најтрофејниот македонски клуб од Купот и повторно има реална шанса. Шкендија со два шута даде два гола, од 30-тата минута имаше и играч помалку, па за нив и овие 2-2 се позитивни бидејќи можеа да бидат и полоши ако не беше расположениот голман Реџепи.

Од екипите кои беа домаќини, најдобро поминаа Академија Пандев, која ја оправда фаворитската улога против гостите од Кочани, и Лабуништа, кој со два гола предност оди на реванш во Охрид, додека штипска Брегалница минимално го совлада прволигашот Македонија Ѓорче Петров.

Резултати осминафинале: Вардар – Шкендија 2-2, Пелистер – Работнички 1-1, Шкупи – Силекс 0-0, Академија Пандев – Осогово 3-0, Тиквеш – Ренова 0-2, Борец – Струга 0-0, Брегалница – Македонија Ѓ.П. 1-0, Лабуништа – Охрид 2-0.

 

- Оглас -

Најнови вести