Без ВАР, Атлетико ќе имаше два бода помалку, Реал еден повеќе

Жалбите од примената на ВАР технологијата во шпанската лига се најсилни, клубовите често приговараат и после одлуки со видео-снимка, па некои од шпанските медиуми направија споредба, како би изгледала табелата во Примера доколку не постоеше користењето на ВАР, и кој колку бода ќе имаше без признатите и поништени голови по гледање на повторена снимка.

И во реалноста, и без ВАР, Барселона би била прва со овие 51 бод кои ги има во моментов. Но, ако немаше ВАР, Реал ќе имаше еден бод повеќе и наместо вистинските 6, во тој случај ќе имаше пет бода помалку. Третиот Атлетико сега има 44 бода, а без ВАР би имал 42, што значи дека „јорганџиите“ се едни од профитерите од оваа технологија.

Без ВАР, четврти би бил Хетафе, додека петта би била Севилја, а реалната ситуација е обратна, Севилја има два бода повеќе од петтиот Хетафе. Ако немаше ВАР, погоре на табелата ќе беше Валенсија.

Голем ќар од ВАР имаат Леванте и Жирона. Тимот на Енис Барди без ВАР ќе беше подолу на табелата и ќе имаше дури четири бода помалку. И Жирона ќе имаше четири помалку помалку и че беше претпоследна, а вака е еден бод над зоната на испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести