Би било убаво Македонија на ЕП да ја испрати голманската легенда во пензија

Андерј Пјатов најави дека ќе ја заврши кариерата по настапот на Европското првенство што ќе се игра идната година, а во пензија може да го испратат Горан Пандев и соиграчите од македонската репрезентација ако се пласираат на континенталниот шампионат.

Ако ја победиме Грузија на 12 ноември, Македонија ќе биде во група со Украина, Австрија и Холандија, па Пјатов веројатно и би бранел против нашата репрезентација во еден од неговите последни натпревари во кариерата.

Против Украинците, ако ја надиграме Грузија и ако нема дополнителни промени во планот на УЕФА, би требало да играме во Букурешт, на 17 јуни, во вториот меч од нашата група.

Претходно Македонија би дебитирала на ЕП со меч против Австријците на 13 јуни, а првата фаза по групи би ја завршиле со меч против Холандија на 21 јуни во Амстердам.

Пјатов има 36 години и многу трофеи во кариерата. Со Шахтар Донецк, клуб за којшто брани од 2007 година, го освои пехарот во Лигата на Европа во 2008 година, а има и 10 шампионски круни и уште 15 во Купот и Суперкупот на Украина.

За репрезентацијата досега бранеше на 96 меча и ако се поклопат бројките и Македонија игра на ЕП, можно е токму против нас во Букурешт да стигне до јубилејната стотка.

 

- Оглас -

Најнови вести