Би било убаво – Милан сака Барди да биде замена за Чалханоглу

Милан сака да го ангажира Енис Барди како замена за турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу, кој замина во таборот на градскиот ривал Интер.

„Калчомеркато“ објави дека Росонерите внимателно ја следат ситуацијата со Барди. Македонскиот репрезентативец може да го напушти Леванте со одредена отштета, а Милан би бил најголемиот клуб во неговата кариера ако трансферот се реализира.

Барди играше за Македонија на Европското првенство и за него се заинтересирани уште неколку клубови. Проблем за Милан е што е во финансиска криза, па можна е и опцијата Барди да дојде во Милано како позајмен играч.

Досега ниту еден македонски фудбалер нема играно за Милан, па би било убаво Барди да го пробие мразот и да игра за 18-кратниот шампион на Италија и клуб што има 7 европски титули.

 

- Оглас -

Најнови вести