Бидете мажи, обложете се на жена!

Фелон Шерок, која го привлече вниманието низ светот откако во првите две кола на Светското првенство во пикадо ги елиминираше двете пречки од посилниот пол, денеска повторно ќе се појави во лондонски „Александра палас“. Нејзин противник е 22-риот на светската ранг-листа, Крис Доби.

Според квотите во Sport Life, Доби е фаворит, победа за него е 1.20, а ако уплатите на Шерок дека ќе приреди и трето изненадување и тоа се случи, тогаш добивката е 4.60.

Публиката ќе навива за 25-годишната девојка, па и на Крис нема да му биде лесно, иако верува дека може да ја заврши бајката на Фелон, која ја нарекоа кралица на пикадото. Доби призна дека не би му било пријатно ако загуби од жена, но дали и тој ќе настрада како и Еветс и Суљовиќ, кои исто така беа фаворити, останува да се види попладнево.

- Оглас -

Најнови вести