Кулминацијата на НБА-сезоната се сведува само на две екипи. Сан Антонио како најдобар тим во Западната конференција и Њујорк како број 1 на Истокот од вечерва ја започнуваат клучната „војна“ за шампионскиот пехар во најсилната кошаркарска лига во светот.
Сан Антонио ја има предноста на домашниот терен и вечерва ќе игра пред своите навивачи. Сепак, Њујорк е тимот кој игра неверојатно во плејофот сезонава и нареди неверојатни 11 победи по ред. Во историјата на на плејофот само Голден стејт во 2017 година имал повеќе победи по ред во плејофот, дури 12, што значи дека Микси вечерва со евентуален триумф на гостински терен ќе го израмнат апсолутниот рекорд.
Традицијата вели дека кога играат овие два тима, неисвесност секогаш постои. Од 2018 година досега, овие два тима одиграле вкупно 18 средби, а билансот е целосно израмнет. Њујорк има девет победи, а исто толкупати се радувал и Сан Антонио, што е само уште еден показател за неизвесно финале.
Во понудата има и дури 13-мина кошаркари кои треба да бидат вечерва на теренот и тука се понудите за „плус-минус“ поени, скокови, асистенции и вкупен биланс.


