Биелса: Не им подаривме гол, само им го вративме тој што им го украдовме

Лидс и Астон вила играа нерешено 1:1, во дуел на две екипи кои ќе играат во плеј-офот за пласман во Премиер лигата. Двата тима во Чемпионшип се надеваат дека ќе бидат третиот клуб кој ќе обезбеди место во елитата за следната сезона. Денешниот нивни дуел предизвика многу внимание поради начинот на кои беа постигнати двата гола.

Во 72 минута, Лидс поведе со погодокот на Клих, но домаќините во тој напад требаше да ја исфрлат топката во аут, бидејќи еден играч на гостите се жалеше на повреда. Сепак, наместо во аут, топката заврши во мрежата на гостите. Овој нефер потег наиде на остри реакции кај играчите на Астон вила.

Малку фалеше играчите на теренот да се степаат, но тогаш на сцена стапи тренерот на Лидс, Марсело Биелса. Стратегот кој го има прекарот „Лудак“, покажа дека е вистински ферплеј господин и на своите играчи им нареди да остават Астон вила веднаш да изрмани на 1:1.

Целата спорна ситуација од мечот, може да ја погледнете ТУКА. По мечот, Биелса го објасни својот потег.

„Не им подаривме гол на Астон вила, само им го вративме тој кој им го одземавме. Сите видоа што се случи. Ние со потегот само покажавме што мислиме за тоа. Англискиот фудбал е познат по тоа дека секогаш е важен фер плејот, така да кој сум јас во оваа држава да го доведувам во прашање однесувањето кое се смета за доблест“, рече Биелса за целата ситуација.

- Оглас -

Најнови вести