„Биковите“ од Торино заборавија да примаат голови

Торино го совлада Киево со 3-0, и домашниот клуб за првпат во клупската историја ја зачува својата мрежа на шест првенствени натпревари во низа. Во сезоната 1984/85, Торино имаше пет меча по ред без примен гол.

Андреа Белоти погоди во 76 минута со шут од далечина. За Белоти, ова е прв гол во Серија А после апстиненција од 661 минути без погодок. За него, ова е прв постигнат гол во 2019 година. На 2-0 зголеми Ринкон во 92 минута, а конечните 3-0 ги постави Симоне Ѕаѕа во 93 минута.

Сега екипата на Торино после десеттата победа сезонава, е на седмо место на табелата, додека Киево е речиси отпишан од трката за опстанок и во следната сезона ќе биде член на Серија Б.

Киево победил на само два од последните 16 меѓусебни дуели, а и двете победи против Торо беа во сезоната 2015/2016. „Летечките магариња“ на четири меча по ред немаат постигнато гол, и тоа им е најдолга таква лоша серија од мај 2016 наваму.

- Оглас -

Најнови вести