Биковите се машина за голови со неверојатен просек, зад нив во Европа е Шахтар

Ред Бул Салцбург е машина за голови и убедливо најефикасна екипа во Европа, според головите во домашните првенства. Се сметаат 15-те најдобри лиги на Стариот Континент.

Популарните бикови на 10 меча во австриската лига постигнаа дури 46 гола, што е невероојатен просек од 4,6 на меч. Малку им фали да стигнат и до петка, што би бил фантастичен учинок.

Зад нив е Шахтар Донецк, екипа што стандардно дава многу голови и игра офанзивно. Учесникот во Лигата на шампионите има постигнато 30 голови на 10 натпревари во украинското првенство.

Следуваат Ајакс Амстердам со 29 на 9 мечеви во Холандија, Манчестер сити со 27 на 8 дуели во Премиер лигата и уште еден австриски клуб, Волфсбергер со 27 на 10 меча.

- Оглас -

Најнови вести