Биковите со скршени рогови – Аталанта го прегази Торино како никој досега (Видео)

Аталанта одигра брилијантен меч и предводена од извинредниот Јосип Иличиќ го декласира Торино со 7:0 на гостински терен во меч за историја.

Ова е највисок пораз во долгата и богата историја на Торино на домашен терен, а Аталанта ги претрка Милан и Фиорентина, екипи што досега го држеа рекордот.

Милан во сезоната 1951/52 и Фиорентина седум сезони подоцна беа рекордери со победи од по 6:0 на гостински терен против Торино.

Биковите вечерва опасно настрадаа против расположените гости од Бергамо. Иличиќ постигна хет -трик, а неговиот втор гол, или четврти на мечот беше ремек-дело, постигнат од половина терен.

Госенс, Запата и двапати Мјуриел беа стрелци на останатите голови за Аталанта, а Торино имаше уште пехови на мечот, бидејчи остана без два играчи.

https://www.youtube.com/watch?v=dnY4_9aJcDQ

Ицо и Лукиќ беа исклучени, па домаќините покрај катастрофалниот пораз, највисок во 114-годишната историја останаа и без двајца фудбалери за следните натпревари.

- Оглас -

Најнови вести