Бил знае да губи со стил – Бекот на Визардс со 42 поени и пораз им се приклучи на легендите

Бредли Бил има стил и кога губи, а ноќеска со поразот на Вашингтон визардс од Јута џез, во кој постигна 42 поени им се приклучи на легендарните кошаркари Вилт Чембрлен и Волт Белами.

Тоа е единственото трио кошаркари во историјата на НБА лигата што успеало да загуби 7 меча во иста сезона, на кои сите тројца постигнувале по 40, или повеќе поени. Се смета само регуларниот дел од сезона, а им се приклучува и Алан Ајверсон, кој има ист таков учинок, со серија порази, но кај него имаше и меч од плејофот.

Бил беше најефикасен кошаркар ноќеска на вкупно 10 натпревари што се одиграа. Постигна 42 поени, но и тоа не ги спаси Волшебниците од Вашингтон од пораз против Јута.

Тимот има шанси за плејоф и моментно е на деветтата позиција во Источната конференција со пет победи помалку од осмопласираниот Бруклин нетс.

- Оглас -

Најнови вести