Биланс на медали, петти ден: Домаќинот освои најмногу злата

По петтиот ден на ЛОИ во Токио, билансот на медали е во корист на Американците со најмногу одличја, дури 31 медал, од кои 11 се златни, исто толку сребрени и 9 бронзи.

Кога се во прашање само златните медали, тука најдобри се домашните спортисти. Јапонија досега освои 13 златни медали, а вкупно брои 22. Кина е втора најзакитена земја со вкупно 27 медали, од кои 12 се златни, 6 сребра и 9 бронзи.

Следуваат рускиот олимписки комитет со 23, Австралија и Велика Британија со по 16, Јужна Кореја и Холандија со по 11, Германија со 10 и Франција со вкупно 8 медали.

Со освоениот сребрен медал на Дејан Георгиевски, Македонија го дели 43-тото место со уште неколку земји, како Бугарија, Колумбија, Данска, Индија, Јордан, Полска, Венецуела и Туркменистан.

- Оглас -

Најнови вести